Британски салон нуди бесплатно шишање доколку ги победите фризерите во ФИФА

Супермен

14/10/2019

19:41

1.536

Големина на фонт

а а а

Ако сте доволно вешти со џојстик и патот ве носи кон Нотингем, навратете во фризерскиот салон кој нуди бесплатна фризура доколку ги победите тамошните вработени во видео играта ФИФА 20.

Меѓутоа, доколку го изгубите натпреварот, ќе мора да платите двојно повеќе отколку што ќе ве чини едно шишање. 


Фризерите на овој начин создале забавно опкружување во кое постојано доаѓаат луѓе за да играат и да направат нова фризура. Сопственикот Конор Сторер-Фрај има 22 години и вели дека неговиот тим од фризери неколку пати изгубил натпревар на ФИФА, но дека повеќе пати заработиле двојно бидејќи “понеле победа”.

Шишањето за мажи во просек изнесува околу 12 долари, а Конор го вметнал играњето ФИФА во салонот пред повеќе од една година, кога добил идеја како да ги забавува клиентите кои чекаат на ред.


Тој истакнал дека не води евиденција за тоа колку клиенти победиле, но според статистиката, тимот фризери победува во 20 од 25 натпревари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk