iPhone 11: Apple го реши најголемиот проблем и се искачи на врвот!

Точка

14/10/2019

17:40

3.513

Големина на фонт

а а а

Apple успеа да ги убеди сите дека новиот iPhone 11 е најдобрата серија на паметни телефони моментално на пазарот.

Consumer Reports досега ги крунисуваше Samsung телефоните како најдобри, а iPhone секогаш беше тука некаде, чекор или два зад јужнокорејскиот адут. Сепак, овојпат, после неколку години, исходот е поинаков.

Моделот iPhone 11 Pro Max е убедливо најдобриот телефон моментално на пазарот според оценката на Consumer Reports, а одлично поминаа, веднаш зад него и моделите iPhone 11 и iPhone 11 Pro.


Consumer Reports нагласува дека Apple успеале конечно да ги победат своите конкуренти благодарение на решавањето на најголемиот проблем досега - батеријата.

Новата генерација на iPhone пристигнува со батерии кои траат најдолго на тестовите на Consumer Reports досега. Според најновите оценки, iPhone 11 Pro Max е на првото, а iPhone 11 Pro е на второто место на најдобри паметни телефони на светот.

Покрај тоа, пофални зборови доби и камерата кај сите три модели, за која што Consumer Reports вели дека има најдобар исчекор во однос на конкуренцијата. Исто така, голем напредок бил забележан и во доменот на перформансите на системот, како и дизајнот на телефоните.

Целосниот извештај на Consumer Reports можете да го прочитате на овој ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг