„Џокер е “празна“ филозофија“: Во морето на пофалби има и онакви кои мислaт дека филмот на годината всушност е ужасен

Точка

14/10/2019

15:57

2.869

Големина на фонт

а а а

По многуте позитивни оцени кои стигнале на почетокот на филмот кој е вреден за сите пофалби, како што оцениле на сајтот „Deadline“, целиот претходен месец тој предизвикал и контроверзија.

Постојат само неколку филмови кои оваа годин со нетрпение се очекуваат и за кои повеќе се зборуваше отколку за „Џокер“ на Тод Филипс во кој главната улога ја толкува Хоакин Финикс.

По многубројните позитивни критики кои стигнале на почтокот, филмот сепак предизвика и контроверзија по наведувањата дека може да предизвика насилство во реалниот живот како што предупредиле од ФБИ и војската на САД. Голема врева исто така се подигна и околу емотивниот скеч кој го одигра Финикс како и замерките за ефектите.

Исчекувањето на „Џокер“ беше напнато и искрено заморувачко, но сепак за некои тоа се исплати затоа што филмот е навистина добар.

Еве што критичарите кажаа за „Џокер“:

Џош Вајлдинг, ComicBookMovie.com

„Џокер“ дефинитивно е под влијние на стриповите и на фановите им нуди многу од тоа што треба да се цени. Во својата срж иако можеби не вклучува сцени во кои овој негативец се бори против Бетмен, ова е само мастерклас за актерството и правењето филмови“.

Курт Лодер, Reason

„Многу непотребни продолженија секогаш се вознемирувачки. Сепак Финикс е толку многу добар во овој филм, а структрата на заплетот толку многу инвентивна што всушност може да се најдете во ситуација во која може да очекувате што наредно ќе се случи“.

Џон Вензл, The Denver Post

„До моментот кога филмот стигнува до својот врв, Финикс потоа направи сè што може за да ни покаже колку ужасните работи некогаш може да нè однесат во уште поужасни работи, но исто така колку “кул“ може да изгледаат тие кога се снимени на изгрејсонце или пак со трепкаво светло во позадина. Можеби единствената цел на „Џокер“ е тоа што сака да ја прикаже таа една работа која најтешко е да се признае: Дека ужасниот свет во кој живее Флек, а во продолжение и нашиот свет е всушност оној кој навистина го заслужуваме“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг