“Боже, Петра!”: Овие девојчиња ги прослави легендарната реченица, а еве како изгледаат тие денес

Точка

14/10/2019

14:59

4.323

Големина на фонт

а а а

Наталија и Петра од Свилајнац се две девојчиња кои пред 10 години (кога имаа само 4 години), станаа многу популарни поради само една реченица: “Боже, Петра!”.

Оттогаш е помината една деценија, девојчињата се веќе пораснати, но легендарната изјава и понатаму е популарна. 

“Таа реченица ми го одбележа животот. Станав многу популарна, на почетокот се фотографирав со луѓе кои ме застануваа на улица”, изјавила Наталија која ја изговори токму реченицата “Боже, Петра!” и заедно со нејзината другарка стана една од најпопуларните девојчиња на Балканот.


Наталија Митровиќ на само 4 години стана позната во целиот регион, а денес е осмооделенка во локалното училиште “Јован Јовановиќ Змај”.

Многумина поради реченицата “Боже, Петра!” мислеле дека токму таа е Петра, па дури и после толку години и понатаму ја мешаат со другарка ѝ на која ѝ ја упатила реченицата.


“До ден-денес ме прашуваат дали јас сум таа “Боже, Петра”. И денес се смејат на моја сметка, но малку ми е непријатно. Кога бев помала, тоа многу ми годеше”, раскажала Петра Милошевиќ, која е соученичка со Наталија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг