Тачи побарал да се испита случајот со наводно затруените коверти од централна Србија

Макфакс

14/10/2019

13:52

672

Големина на фонт

а а а

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повика надлежните институции во Приштина професионално да го испитаат случајот на наводно затруените коверти со гласачки ливчиња од централна Србија.

Тачи, според приштинскиот портал „Лајми’“ исто така побарал „да се преземат сите неопходни чекори за да се отстрани сомнежот дека со ковертите се труени членовите на ЦИК“.

За наводно затруените коверти реагирале само Албанците во ЦИК.

Претставниците на приштинските институции објавија дека испитувањето на примероците од ковертите земени во Центарот за броење гласови на ЦИК се очекува да заврши.

Според нивната изјава, резултатите ќе бидат објавени заедно со мислењето на меѓународните експерти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг