74-годишниот Австралиец Дејвид Истман, кој 19 години недолжен поминал во затвор поради убиство на полицаец, добил 4,8 милиони долари обесштетување од државата.
Истман бил осуден на доживотна затворска казна во 1995-та година, затоа што шест години подоцна наводно го убил припадникот на австралиската федерална полиција, Колин Винчестер.
После низата на жалби, било одлучено дека Истман воопшто немал фер судење, па во повторениот процес минатата година бил прогласен за невин. После ваквата одлука, убиството на Винчестер останува нерешено.
Истман пред судот изјавил дека немал шанса да создаде семејство, ниту пак кариера, затоа што бил зад рештки. А, додека бил во затвор, починале неговата мајка и двајцата помлади браќа.
Breaking: David Eastman, who spent 19 years in jail for the 1989 murder of Australian Federal Police assistant commissioner Colin Winchester, has been awarded $7.02 million in compensation for his wrongful imprisonment. Story to come @Australian pic.twitter.com/85lYMcEefh
— Olivia Caisley (@livcaisley) October 14, 2019
„Изгуби значаен дел од својот живот“, изјави неговиот адвокат Сем Тирни.
Винчестер бил застрелан два пати во главата пред семејната куќа во Канбера, а Истман кој тогаш работел како државен службеник бил осомничен затоа што претходно му се заканувал на убиениот. Поминал 19 години зад решетки, а повеќе пати неуспешно поднесувал жалби во 1999, 2000, 2001, 2005 и 2008-ма година.
Сепак, последниот пат, во 2014-та година, судот ја уважил неговата жалба и било утврдено дека Истман претрпел сериозна неправда поради погрешните докази кои биле користени во текот на судењето.