Денеска астероид ќе помине покрај Земјата: Научниците го откриле во последен момент, а ова ќе биде најопасната средба во последните 115 години

Точка

14/10/2019

13:35

2.359

Големина на фонт

а а а

Земјата се спрема за уште една блиска средба со огромен астероид и тоа многу наскоро.

Астрономите за првпат го забележале претходно минатата недела и го нарекле 2019 ТА7. Астероидот, кој е долг 34 метри, ѝ се приближува на Земјата со брзина од 36.210 километри на час, а истиот ќе помине покрај Земјата денеска во текот на денот, покажуваат податоците на НАСА. Ова ќе биде најблиската посета на еден астероид која човекот ја забележал во последните 115 години. 

2019 ТА7 се наоѓа во групата на неодамна откриени астероиди кои овие денови поминуваат близу Земјата.

##https://twitter.com/haloefekti/status/1183424897420275715##

Овој летечки камен кружи околу Сонцето, за кое му требаат 240 денови, а покрај Земјата поминува отприлика еднаш годишно. Меѓутоа, оваа средба ќе биде најблиска во последните 115 години. Астероидот ќе ѝ се приближи на нашата планета на далечина која е 50 пати поблиска отколку најблиската планета – Меркур, односно на отприлика на 1,5 милиони километри.

Кога станува збор за овие небески тела, експертите веќе некое време предупредуваат дека Земјата нема апсолутно никаква одбрана од астероиди кои летаат кон нас. Поради тоа, Обединетите Нации прогласија Светски ден на астероидот, за да ја подигнат свеста за таа можност, а за датум е одбран 30-ти јуни како потсетник на Тунгуската експлозија во 1908 година.

Тогаш настанала силна експлозија во Сибир како резултат на удар на астероид кој делумно изгорел и паднал на тоа подрачје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг