Облак со фасцинантна рефлексна одбрана ја докажа својата класа во Стожице

Дерби

14/10/2019

12:23

944

Големина на фонт

а а а

Словенија сосема заслужено беше надиграна во Скопје пред четири дена, но тимот кој го преводи Матјеж Кек брзо го претрпе и вториот пораз во низа во квалификациите, со кој стана јасно дека ги загуби шансите за пласман на Европското првенство.

Австрија синоќа славеше на гостувањето во Стожице со 0:1 и направи огромен чекор кон континенталниот турнир, натпревар кој најинтересните моменти ни ги понуди во првото полувреме. Стефан Пош го постигна голот за 0:1 кој се покажа како одлучувачки, но пред да се случи тоа, епитетот на еден од најдобрите голмани во светот го оправда Јан Облак.

Словенечкиот голман немаше решение за Елиф Елмас, но затоа изминатава вечер изрежира спектакуларна рефлексна одбрана, и тоа во ситуација кога немаше баш чист преглед на ситуацијата поради неговиот соиграч во шеснаесетникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг