Левандовски го анализираше натреварот во Варшава и го посочи клучниот фактор: Им дозволивме на Македонците…

Дерби

14/10/2019

12:18

918

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски не постигна гол на натпреварот кој се одигра во Варшава, но затоа ја имаше улогата на асистент во двата погодоци кои ги постигнаа Полјаците во победата која ја оставрија над нашата селекција.

Во прилично мирно второ полувреме во кое се чинеше дека ги неутрализиравме Полјаците, два брзи гола и пресудија на македонската фудаблска репрезентација, а со новите освоени три бода и триумфот од 2:0, селекцијата предводена од Бржечек обезбеди пласман на Европското првенство.

Левандовски како капитен на селекцијата не го криеше задоволството од постигнатиот успех, а даде и коментар за тоа како Полска ја оствари победата над Македонија.

– Клучен фактор против Македонија беше трпението. На вакви натпревари, потребно е да имате трпение и да не брзате. По крајот на првиот дел, сфативме дека создаваме шанси и дека голот кога тогаш ќе дојде. Знаевме како се движиме на теренот, знаевме штоп правиме и му дозволивме на противникот само да шутира од далечина, а тоа го сакавме. Овој тим допрва треба да се пробива, патот е долг. Се надевам дека ќе се развиеме и дека ќе бидеме уште подобри во иднина, – порача Левандовски по крајот на средбата во Варшава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг