Неверојатна сцена на воената парада во Мадрид: Падобранец се закачи на бандера и висеше пред очите на кралот

Точка

13/10/2019

15:55

3.753

Големина на фонт

а а а

Воената парада во Мадрид по повод националниот празник ја одбележа „судирот“ на падобранецот со бандера кој не успеа да слета и да му го предаде знамето на кралот.

Падобранецот требаше да слета и да го предаде шпанското знаме на кралот, но наместо тоа, тој се закачи на бандерата и висеше пред очите на кралот Фелипе VI, неговата сопруга Летиција и нивните ќерки.

Кралското семејство сепак му даде поддршка на падобранецот и започна да му аплаудира. Војникот потоа го откачи знамето за да биде навреме подигнато за одбележувањето на пристигнувањето на Кристофор Колумбо во Америка во 1492-ра година.

Од шпанското Министерство за одбрана соопштија дека војникот бил еден од најискусните во шпанската армија со околу 600 скокови и дека поминал без повреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг