Точка на „Макфест“: Финале со 20 композиции кои несомнено ќе остават белег во македонската музика

Точка

13/10/2019

13:20

6.961

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер се одржа финалето на 34-то издание на „Макфест“. Дваесет композиции, нови хитови, но и многу нови изведувачи. Штип е градот кој секој октомви ги собира почитувачите на македонска музика на едно место.

Од вкупно 30 композиции, 20 се пласираа во финале, а атмосферата ви ја пенесуваме во целост, со оглед на тоа дека тимот на Точка и за финалето беше присутен во Домот на култура „Ацо Шопов“, во Штип.

Оваа година на фестивалот слушнавме многу квалитетни песни, многу идни хитови и млади таленти кои ја воодушевија побликата со извонредните вокални способности. Па така, сè до самиот крај беше неизвесно кој ќе биде погласен како победник.


Додека едни велеа дека на „Фрајле“ им нема конкуренција, други беа воодушевени од настапот на Драган Спасов Дац и Александар Митевски, трети цврсто веруваа дека младиот и ултраталентиан Мартинијан Кириловски ќе биде победник на 34-то издание на Макфест.  

На крајот, со 10-те гласови од публиката и 10-те од жирито, Мартинијан се закити со титулата Победник на овогодишниот Макфест.

Второ пласирани беа Драган Спасов Дац и Александар Митевски, со 7 поени од жирито и 12 од публиката. „Уште ми фалиш“ е песна која ги топли сите срца, а специфична е по тоа што на самиот крај од композицијата Дац рецитира една строфа.


„Фрајле“ со максимални 12 поени од жирито и 2 од публиката се најдоа на третото место. „Не ѝ признавај“ е нивната композиција, а еве што изјавија за Точка после втората полуфинална вечер кога првпат се претставија со ова песна.

Освен првите три награди, се доделија и други, со цел да се истакнат најдобрите песни, аранжмани и настапи на фестивалот.

Па така, наградата за најдобар сценски настап отиде во рацете на младата Мартија Станојковиќ од Куманово, а нејзината песна го носи името „Возбуда и љубов“.


Росана – позната од дуото Маријана и Росана, по повеќе од 20 години се појави на сцената на Макфест и зема награда за најдобра вокална интерпретација на песната „Спомени“. Многу емоции остави на сцената.

Славица Ангелова од Струмица се закити наградата за најдобар дебитант, а нејзината песна го носи името „Љубовта не боли“. Таа на сцената се појави со неколку танчерки од танцовото студио „Eat the beat“.


Иле Спасов ја доби наградата за најдобар аранжман, за песната „Кој те учи така“, која ја изведе младата и скромна Лара Иванова, а еве што кажа таа после нејзиниот неверојатен настап на втората полуфинална вечер.


Исто така, позабележителни настапи имаа „Коки и Тајфата“, Кубанката Јасмин Лопез, Принц, Виктор Апостоловски, Мина Блажев, Симона Поповска и Здравка Мирчевска. Без оглед што не се закитија со некоја награда, веруваме дека нивните песни ќе се вртат по радио станиците.


Инаку, во ревијалниот дел, додека публиката гласаше, на макфестовската сцена настапи нашата единствена Тамара Тодевска, која успеа малку да нè успокои и покрај неизвесноста за тоа кој ќе биде победник на Макфест 2019.


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг