Лондонската полиција разби албанска нарко-банда: Им ги заплениле мобилните, па испратиле 2 илјади пораки...

Точка

13/10/2019

13:53

7.874

Големина на фонт

а а а

Лондонската полиција им испратила над 2 илјади пораки на лицата кои што албанската нарко-мафија ги снабдувала со кокаин, нудејќи им помош во врска со справувањето со зависноста од дрога.

Станува збор во најголем дел за вработени во лондонскиот финансиски центар, а нивните броеви полицијата ги пронашла кај два запленети мобилни телефони на албанската мрежа на организиран криминал. Како што пренесува „Тајмс“, од полицијата потоа ги контактирале „клиентите“ на нарко-бандата и им понудиле помош.

Во СМС пораките кои што од британската полиција им ги испратиле на контактите од запленетите телефони, било наведено дека дилерите се уапсени, а на корисниците им се нуди помош. На пораката имало и линк кој водел до интернет страница каде што се даваат совети и се нуди помош на тие што ја користат дрогата, а линкот бил посетен 1852 пати.


Лондонската полиција следела 12 Албанци кои што биле уапсени со 1,2 килограми кокаин чија што вредност се проценува на 144 илјади фунти. Кај уапсените биле пронајдени и лажни документи и готовина од 20 илјади фунти.

Во текот на последните 12 месеци, уапсените лица се осудени на затворски казни од 25 и 64 месеци.

Детективот Ли Џонсон за британските медиуми порача дека купувачите не се свесни дека со купувањето на кокаинот од албанската нарко-банда тие всушност финансираат тешки злосторства и ропство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг