Жените подолго доживуваат оргазам од мажите, но затоа го имаат овој голем проблем

Точка

12/10/2019

14:52

7.427

Големина на фонт

а а а

Бројни истражувања покажуваат дека во однос на жените, мажите многу почесто доживуваат оргазам во текот на сексот. Дури 95 отсто од припадниците на посилниот пол доживуваат оргазам во текот на односот, додека таа цифра е значително помала кај жените – само 65 отсто.

Уште една разлика помеѓу половите е должината на оргазмот – кај жените, “врвот” трае значително подолго во однос на нивните партнери, но тоа има и една негативна последица. 

Истражувањата покажуваат дека, иако ретко се случува, просечниот женски оргазам е три пати подолг од машкиот. Меѓутоа, она што не им се случува на мажите е чувството на посткоитална дисфорија.


Дали некогаш сте плачеле после секс, дури и по навистина добар секс? Ако одговорот е потврден, тогаш треба да знаете дека сте доживеале посткоитална дисфорија.

Посткоиталната дисфорија е всушност чувство на тага и вознемиреност кое се јавува по завршување на односот, а доколку често ви се случува, охрабрувачка вест е дека не сте редок случај. Голем број жени се чувствуваат исто после секс, само што некои плачат и покажуваат дека се вознемирени, а други се повлекуваат во себе.

Посткоиталната дисфорија ја карактеризира интензивно чувство на тага, лутина и вознемиреност по сексот, најверојатно по оргазам. Ова чувство не е врзано за партнерот туку за самиот оргазам, бидејќи истото може да се јави и по мастурбирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг