Кубанка на „Макфест“: Сите зборуваат за вчерашниот настап на Јасмин Лопез

Точка

12/10/2019

13:22

6.742

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на 34-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“, во Домот на култура „Ацо Шопов“, во Штип. Директен пренос, како и секоја година имаше на Македонската радио телевизија.

Екипата на Точка присуствуваше на фестивалот, а за вас имаме неколку ексклузивни интервјуа со дел од изведувачите кои вчеравечер направија “бум“ на сцената.

Една од нив е Кубанката Јасмин Лопез, за која од вчера не престанува да се зборува.

Лопез изведе песна во оригинален латино ритам. Иако македонскиот не ѝ е мајчин јазик, одлично се снајде во тоа. Песната е авторско дело на познатиот композитор и атор Григор Копров, а го носи името „Врела крв кубанска“. 

„Кога првпат ја слушнав песната знаев дека ‘ова е тоа’. Латино ми е во крвта“, вели Лопез за Точка.  


Кубанката имаше целосна кореографија и танчери на сцената, кои му дадоа “шмек“ на целокупниот настап.

Од публиката доби многу овации, а секако не остана рамнодушна на нив.

„Имав малку позитивна трема, ама многу ми беше убаво. Публиката убаво ме прифати. На почетокот аплаудираа, сите се ‘размрдаа’, ми се наполни душата. Се радувам што ја примија мојата енергија, иако оваа публика не ме познава – првпат сум на Макфест“, открива таа.

Јасмин е дебитант на “Макфест“, а изминатиов период била на многу фестивали во регионот, каде освоила високи пласмани.


Лопез беше скромна, па кога ја прашавме што очекува од фестивалот, рече дека доволно е да влезе во финале.

Само неколку минути после интервјуто, Макфест ги објави резултатите од вторта полуфинална вечер. Јасмин Лопез, со 7 од жирито и 2 поени од публиката, успеа да се избори за влез во финалето. Со тоа нејзината желба е остварена, а веруваме дека вечер повторно ќе го крене Штип на нозе, и ќе освои висок пласман.


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг