Светот “полуде“ по нив - направете си самите куќа за два дена без градежна дозвола и заштедете илјадници евра

Кармин

11/10/2019

14:15

13.820

Големина на фонт

а а а

Популарните куќички масовно се градат надвор од Америка. Компанијата Амазон понудила и мали куќички кои брзо се мнтираат, а чија популарност расте со брзина на растот на цената на недвижнините. Поради тоа, трендот за изградба на овие куќички завладеа не само во САД туку и пошироко.

Амазон моментално во својата понуда има десеттина различни модели од 10 па до 40 квадратни метри. Иако мали, овие брзомонтажни недвижнини имаат апсолутно сè што е потребно, кујна и тоалет, дневна соба и спална соба која е сместена во потктовјето.

Освен класичната опрема, голем дел од нив имаат и тераси.


И цената е пристапна, се движи од 15.000 долари, колку што чинат оние наједноставните. Дополнително за нивното поставување не е потребна градежна дозвола, а може да се вселите за само два дена.


Доколку овие мали куќички ви се премали, Амазон нуди поголеми од 500 квадрати и секако дека истите се поевтини и од еден стан. Компанијата која ги нуди овие куќички преку Амазон платформата е британската Lillevilla, а во описот се тврди дека куќите се доволно големи за да функционираат како викендици, место за престој, канцеларии па дури и како деловен простор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk