Три хороскопски знаци со кои е најтешко да бидете во врска

Точка

10/10/2019

20:59

6.084

Големина на фонт

а а а

Не е лесно да бидете во сериозна љубовна врска, особено што сите парови имаат свои добри и лоши денови.

Но, да бидете во врска со еден од овие три хороскопски знаци е вистински предизвик и ретко кој може да ги “трпи“ на долги стази.

Бик

И додека Биковите самите себеси се доживуваат како силни, самостојни и самоуверени личности, другите најчесто ги гледаат како некои кои самите себе не си се доволни. Поради неговата амбициозност и натпреварувачки карактер, оној кој е со него во врска може да се почувствува како постојано да е тестиран и како да му се поставуваат нови предизвици, за потврда дека е достоен.


Девица

Иако Девиците се паметни, интересни и друштвени, она што ги кочи во врските е нивната емоционална резервираност. Ниедна врска не може да преживее без покажување емоции, без разлика какви се тие.

Водолија

Нивниот главен проблем е тоа што тие воопшто не бараат врска, туку предизвик. Луѓето кои можат да се опишат како “нормални“, не се воопшто интересни како потенцијални партнери. Водолиите попрво бираат партнери со проблеми и потоа се обидуваат да ги решат, но никој не сака кога некој постојано се обидува да го промени, па партнерите обично ги оставаат. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг