Бремената Ешли се снимала потполно гола: “Се обидувам да го сакам своето тело”

Кармин

10/10/2019

14:53

6.145

Големина на фонт

а а а

Плус сајз манекенката Ешли Греам кон средината на август открила дека го чека првото дете. Веста ја споделила на 9-годишнината од брак со сопругот Џастин Ервин.

“Пред 9 години се омажив за љубовта на мојот живот. Тоа беше прекрасно патување со мојата најдрага личност на светот. Денес се чувствувам благодарно, возбудено и благословено бидејќи можеме да го прославиме проширувањето на семејството. Среќна годишнина, животот ќе нѝ стане уште поубав”, напиша тогаш Греам на социјалните мрежи. 

Сега, манекенката објавила видео на Инстаграм на кое е потполна гола и одблизу ги покажала сите свои несовршености како стриите и целулитот.

“Станувам сè поголема и поголема и секој ден се обидувам да го прифатам и сакам своето ново тело. Ова е вистинско патување и многу сум благодарна што имам голема поддршка”, напишала Ешли во описот од видеото.

Греам гордо објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи на кои позира во бикини или долна облека и постојано истакнува колку е важна љубовта кон себе и прифаќање на своето тело. Во едно интервју, таа открила дека понекогаш има комплекси, а најголема несигурност ѝ создава целулитот и масните наслаги на грбот.

“Отсекогаш отворено сум зборувала за моето тело, особено за масните наслаги и целулитот кои сè уште можат да ми ја “разнишаат” самодовербата”, признала манекенката која смета дека е важно жените, но и сите останати, да зборуваат за своите несигурности.

“Ако сите ние исто се чувствуваме, зошто сме постојано под стрес? Никогаш не сум била на терапија, но добро е да поразговарате со некој за работите кои ве мачат”, додала таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk