Висажистката и манекенка Сара Мадл стана хит на социјалните мрежи поради морничавите маски кои ги прави користејќи само шминка.
“Сакам луѓето да бидат преплашени”, открила Сара на својот Фејсбук профил. И досега тоа одлично ѝ оди – она што таа го прави со шминка не може да се види ни на најстрашните хорор филмови.
Од крв, преку чиреви на кожата до најлоши повреди – Мадл со шминка може да направи сè. Оваа Австралијанка на Истаграм ја следат повеќе од 190.000 луѓе, а бројот секојдневно расте, особено поради фактот што се ближи популарниот американски празник, Ноќта на вештерките.
“Ова е морничаво до болка”, “Брутално”, “Ова е дефинитивно најдобрата шминка која сум ја видела во животот”, се дел од коментарите на воодушевените следбеници.