Со него го доживеала првиот бакнеж и тоа пред камера - љубовната приказна на Ештон Кучер и Мила Кунис никој не остава рамнодушен

Кармин

09/10/2019

14:13

2.797

Големина на фонт

а а а

Кога 20-годишниот актер ја добил улогата на Мајкл Келс во серијата „Весели седумдесетти“, не можел ни да сонува дека веќе во првите работни денови ќе ја запознае жената на својот живот. Истото важи и за Мила Кунис, која тогаш имала само 15 години и ја добила улогата на девојката на Мајкл, Џеки Буви.

Во тој момент Ештон бил во љубовна врска со друга актерка и не ја ни забележувал младата Мила. За неа сепак познанството со него било многу важно.

„Бев многу нервозна и ми беше непријатно. Бев премногу заљубена во него“ - истакнала Мила.

Како што истакнала актерката, таа претходно никогаш не се бакнувала, а во една сцена требало да го направи токму тоа и тоа со Ештон. Го направиле тоа, а многу години подоцна и самиот Кучер признал дека бил нервозен затоа што Мила сè уште била само девојче.


„Се однесуваше кул. Изгледаше дека тоа веќе го направила илјада пати претходно. Јас бев тој кој имаше пеперутки во стомакот. Мислам, тоа беше мало девојче и требаше да ја бакнам. Тоа малку ме нервираше“ - истакнал Кучер.

Годините поминувале, Ештон и Мила станувале сè поголеми ѕвезди. Тој влегувал од врска во врска, а таа паднала на шармот на колегата Меколи Калкин на кој се сеќаваме од филмот „Сам дома“.


Кога Ештон го завршил бракот со Деми Мур во 2011-та година, Ештон и Мила сè почесто се гледале.

„Кучер секогаш зборуваше колку е таа убава. Но, таа беше долго време во врска со Меколи и секогаш оставаше впечаток дека не е заинтересирана за Ештон“ - изјавил извор близок на Ештон.

Во септември 2012-та година беше јасно дека во нивниот однос има нешто повеќе од пријателство. Врската на Мила со Меколи беше прекината, а таа и нејзиниот “пријател“ Ештон не се одделувале.


Медиумите многу често ги гледале како се смеат, прегрнуваат, допираат и на крајот како разменуваат бакнежи.

„Јас на многу потежок начин сфатив колку приватноста е многу важна“ - изјавил во некоја прилика Ештон.


„Ќе направам сè што е во моја моќ за оваа врска да стане приватна“ - додал тој.

Во февруари 2014-та година парот се верил, а во октомври следната година го добиле и првото дете - Изабел Вајат. На вечна љубов се заколнале следното лето и наредната година добиле уште едно дете, синот Димитрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk