Нова истрага за „Рекет” за четири лица од Меѓународниот сојуз, меѓу нив и еден познат политичар

Макфакс

09/10/2019

13:20

1.755

Големина на фонт

а а а

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека се отвора нова истрага за „Рекет” за четири лица за Меѓународниот сојуз. Јовески за утре најави обвинение за првиот случај „Рекет” каде се обвинети поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец.

Во новата истрага осомничените се товарат за перење пари, помагање и измама.

„Новата истрага којашто е отворена е за исплатата на 720 илјади евра и за парите од струшката фирма”, рече Јовески.

Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според обвинителството, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен за да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Јовановски и Јанева се во притвор во затворот „Скопје“, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот е во домашен притвор.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека имало заинтересирани за спогодба во предметот ,,Рекет”.

,,До овој момент спогодба не е постигната” рече Јовески и потврди дека имало заинтересирани за спогодба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг