Активистите поставија знаци за предупредување на шахтите: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира

Макфакс

09/10/2019

09:18

2.026

Големина на фонт

а а а

Денес Битола се разбуди со знаци за предупредување од загадување. ,,Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола. Затоа, битолските активисти поставија знаци на шахтите – да потсетат дека Иди зима, велат организаторите.

Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно. Секоја нова зима како и претходните, Битолчани се болни и умираат. И во летните месеци нивото на загаденост е покачено, но зимата за Битола е погубна. Потсетуваме: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира, укажуваат активистите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг