Викторија е очајна инфлуенсерка, заработува 30 долари дневно! Никој не го интересира што прави сопругата на Дејвид?!

Точка

08/10/2019

21:56

4.933

Големина на фонт

а а а

Поранешната членка на групата Спајс Грлс и сопругата на Дејвид Бекам, Викторија Бекам, се откажала од својот Јутјуб канал, бидејќи на него не заработувала доволно пари.

Таа на својот канал заработувала само 30 долари дневно иако имала околу 100.000 претплатници и преку 600.000 илјади прегледи на најпопуларната видео снимка. И покрај популарноста не успеала да заработи толку колку што вложила во снимањето на видео-спотовите.

Таа на својот канал споделувала совети за убавина со нејзините фанови.

„Беше невозможно да се заработи од каналот и донесе одлука да се повлече. Иако уживаше во снимањето на видео-спотовите, трошоците за жал беа поголеми од заработката и се откажа“, рекол извор близок на Викторија.

Меѓутоа, од нејзиниот тим рекле дека каналот не е исклучен, туку дека Викторија нема многу време за да работи на него. Во август „Бизнис инсајдер“ објавија дека некои јутјубери изгубиле илјадници долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk