Хрватското гратче со 5.000 жители е меѓу најубавите тајни места во Европа

Точка

08/10/2019

17:25

7.288

Големина на фонт

а а а

„Есента е најубавото годишно време за шетање низ Европа затоа што има помалку туристи, а времето е пријатно. Многубројни европски природни паркови и краеви едноставно се восхитувачки во ова годишно време кога лисјата ќе ја променат својата боја во жолта, портокалова и црвена“ - вака ја започнува својата статија „Culture Trip“ за 11-те тајни европски локации кои треба да се посетат оваа есен.

На прво место се нашло хрватското гратче Буе.

„Медитеранската клима го прави Буе идеално место за одгледување на винова лоза, а на тоа подрачје има 23 винарии. Бидејќи есента е годишно време кога се прави виното, идеална можност е да се запознаете и со локалните винари и нивните производи“ - пишува познатиот портал.


До следната блиска локација не моравме долго да чекаме затоа што на второто место се наоѓа Мостар во соседната држава на Хрватска, Босна и Херцеговина.

„Еден од етички најразновидните градови во Босна и Херцеговина, Мостар, носи “лузни“ од тешкото минато, но и содржи прекрасен мост од отоманското време кој го добил името “Стар мост““ - пренесуваат од „Culture Trip“.


Сè уште не се поместуваме од поранешна Југославија затоа што на третото место е словенскиот град Пиран.

„Сместен на јадранското крајбрежје, Пиран се опишува како словенската Виена поради неговата добро сочувана венецијанско-готичка средина. Во текот на летото таму има метеж па затоа есента е идеалното годишно време за да го посетите Пиран“ - советуваат од сајтот.


Целата листа од 11-те тајни локации изгледа вака:

1. Бује, Хрватска;
2. Мостар, Босна и Херцеговина; 
3. Пиран, Словенија; 
4. Angles-sur-l’Anglin, Франција; 
5. Халстат, Австрија; 
6. Ротенбрг,Германија; 
7. Orta San Giulio, Италија; 
8. Скиптон, Велика Британја;
9. Бесалу, Шпанија; 
10. Český Krumlov, Чешка; 
11. Колмар, Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг