Сите го предупредувале дека љубовта кон неа ќе го уништи - Ким и Каније конечно откриле како започнала нивната љубовна врска

Супермен

08/10/2019

15:00

4.868

Големина на фонт

а а а

По неколку љубовни крахови на најпознатата телевизиски ѕвезда на светот, сите мислеле дека Ким Кардашијан нема среќа во љубовта. Сепак се воспоставило дека неколкуте лоши врски и двата пропаднати брака се искуството кое популарната убавица морала да го доживее за да ја дочека љубовта на својот живот...

Таа се појавила во облик на еден од најпопуларните рапери на светот. Каније Вест бил на врвот од славата, нижел хит по хит, немал ниту еден албум кој наишол на лош прием од публиката. И потоа се заљубил.

„Сите му зборуваа: Не можеш да бидеш со неа, таа е риалити ѕвезда. Ќе ти ја “стопи“ кариерата“ - открил извор близок на раперот.

„Тој само одговори: Но, ја сакам. Баш ми е гајле“.


Парот кој на вечна љубов се заколна во 2014-та година денес има четири деца: Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм и уживаат во својот среќен брак.

Во документарниот филм „True Hollywood Story“ кој сè уште не објавен, а кој ќе биде за патот на Ким до успехот, Кардашијан раскажува:

„Го запознав Кание во 2002-та година. Ги праша сите која сум јас, а тие секогаш му зборуваа: Таа има момче. Отсекогаш некако се поврзувавме и ни влегуваа и на двајцата во нашите животи. Тогаш еднаш ме повика во Париз на негова модна ревија и тогаш сè се случи. Тогаш ја започнавме нашата врска. Мислев: Боже, зошто ова не ми е случи порано? Беше баш како што треба“.


Каније Вест се присетил на магнетската привлечност која ја чувствувал.

„Секојпат кога бев во нејзина близина или пак кога ќе ја видев, чувствував магнетна привлечност кон таа сила на енергија. Беше добра, чиста, среќна, полна со љубов, храбра, силна“ - изјавил Каније.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk