Драматично спасување на туристка во Крит - еве зошто одморањето на душеци во вода може да биде многу опасно

Точка

08/10/2019

12:15

5.861

Големина на фонт

а а а

Видеото кое се појави на социјалните мрежи го прикажува моментот на спасување на туристката која силните струи ја однеле во морето.

Инцидентот се случил на плажата Клотзани во гратчето Мали во петокот, каде што една жена едвај се изборила со јужниот ветер кој од пред две недели веќе дува во Грција и кој ја однел далеку во морето. Среќа во несреќа е тоа што имала душек.

Ветерот ја однел на отворено море, а во еден момент животот ѝ бил во опасност. Женската спасителка на скутер набрзо пристигнала до неа и ѝ помогнала да стигне до копното.

Инцидентот бил забележан од една јахта која била во близина.

Ова не е прв ваков случај на Крит. Како што наведуваат локалните власти, вакви случаи годишно има околу сто, а најдраматичното се случило минатата година во Ретимна кога една Русинка поминала околу 20 часа во вода.

Жената била пронајдена во исцрпувачка состојба и агонија. Таа поминала 20 часа во вода, лежејќи на душекот, а освен хипотермијата била во добра здравствена состојба.

Не е познато како ѝ се случило тоа, а се верува дека заспала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг