Најголемата надеж на Југославија, барал пари од Аркан, а на Вимблдон го тепал судијата - таков талент досега не е виден на нашите простори

Супермен

07/10/2019

14:00

5.847

Големина на фонт

а а а

Веројатно никогаш и не сте чуле за него, но кога ќе ја прочитате оваа приказна сигурно ќе го запамтите. Вук Јовановиќ, син на популарниот новинар Драган Јовановиќ, бил најголемиот српски тениски талент, но за жал не успеал да се прослави во белиот спорт.

Се зборува дека таков талент досега не е забележан на нашите простори, а гостувајќи кај Миломир Мариќ во “Гол живот“, неговиот татко Драган открил некои многу интересни детали од кариерата на неговиот син.

Вук во еден момент бил седми тенисер на јуниорската листа и ги имал сите предиспозиции да стане голем играч.

На прашањето зошто не станал татко на светски шампион во тенис, Драган искрено одговорил:

„Тој во еден момент беше седми јуниор на светот, но не можеше баш да трпи неправди“ - изјавил Јовановиќ.

Една од нив се случила на Вимблдон кога Вук и неговиот татко Драган ги претепале судиите, но и полицајците.

„Тој судиите ги гаѓаше со рекетот долу, а потоа влегоа двајца лондонски полицајци, а јас веќе бев влезен во теренот. За среќа имаше огради високи околу три метри. Успеав да ја прескокнам оградата, не знам ни самиот како. Им кажав на полицајците да се тргнат од мојот син затоа што Вук не е криминалец“.


Јовановиќ истакнал дека жртвувал сè поради својот син.

„Имав околу 7 до 8 марки плата во тоа време, а мене ми беа потребни 2.000 до 3.000 марки месечно. Затоа работев и како шанкер и сите мислеа дека таму ќе издржам само еден месец, а јас останав три години. Вук во тоа време во Швајцарија влезе низ големата врата како тренер на Мартин Хигинс“.

Јовановиќ тврди дека во тоа време кога поминувал низ кризата барал пари и од Аркан, поради неговиот син.


„Мојот Вук играше тенис, доаѓа Гиш еден ден на Партизан и ми вели: „Господине Јовановиќ, еден господин сака да вложи пари во вашиот син“. Доаѓа тој господин, и ми вели дека е Аркан“ - раскажува таткото на Вук.

Како што вели Драган, неговиот син засега се наоѓа во Германија каде што успешно работи како тениски тренер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk