Живата легенда Марадона: „Единствената цел ми беше да ѝ купам на мајка ми куќа“

Супермен

04/10/2019

14:24

2.833

Големина на фонт

а а а

Живата легенда на Бока Јуниорс, Наполи и Аргентина, Диего Армандо Марадона, во ексклузивно интервју открил што го мотивирало да оди кон успехот во животот.

Марадона е роден во Ланус, но пораснал во многубројно семејство во Виљи Фиорито - едно од најсиромашните во Буенос Аирес.

Фудбал почнал да игра покрај двајцата постари браќа, а не поминало премногу време пред тренерите да воочат дека токму Марадона поседува нешто посебно.


Меѓутоа, на една од поранешните снимки може да се чуе дека Марадона има само една цел пред сите останати - да ѝ купи куќа на својата мајка.

Светско првенство, Скудето и некои други титули, вели дека никогаш не биле неговиот сон.


„Мојата цел не беше денес да бидам во оваа куќа ниту пак да играм Светски првенства... Мојата цел беше да играм во (аргентинскиот) Примери и да ѝ купам на мојата мајка куќа“ - изјавил Марадона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk