Да има повеќе луѓе како него! Запознајте го милијардерот кој ја дели својата заработка со работниците: "Јас само им го давам на луѓето тоа што е нивно"

Точка

02/10/2019

19:23

6.291

Големина на фонт

а а а

"Ако заработувам јас, заработуваат и моите работници. Мојата добивка е нивна добивка, а нивната среќа е моја среќа", вели Хамди Улукаја, сиромашен курдски овчар од Турција кој емигрирал во САД, а сега е сопственик на брендот за јогурт "Chobani" и е тежок 2 милијарди долари.

Хамди Улукаја е ѕвезда во САД не поради тоа што се што има стекнал со свои раце, бидејќи не е единствен, туку затоа што ги променил правилата на капитализмот и докажал дека се поефикасни и подобри од суровото чување на профитот. 

"Време е да признаеме дека учебникот кој веќе 40 години го користат водечките луѓе во светскиот бизнис повеќе не е употрeблив", изјавил тој на престижната конференција ТЕД, одржана оваа година во Ванкувер. 

 

Погрешно би било да се каже дека Хамди Улукаја не верува во моќта на бизнисот, во Америка и во американскиот сон - тој го живее - но правилата според кои игра се многу поразлични од оние кои се копираат на нашите простори. Славна е неговата изјава дека "максимализирањето на профитот за од тоа корист да имаат само акционерите е најглупавата работа која ја слушнал во својот живот". 

Хамди Улукаја, познат и како крал на јогуртот, е роден на 26-ти октомври 1972-ра година во Анадолија во Турција, всушност некаде на пат, бидејќи родителите, инаку овчари, селеле овци, па се родил некаде попатно. И малиот Хамди, секако, бил овчар - и Курд, припадник на народ кој има три татковини, но не и држава. 

 

Пораснал меѓу овци и од мали нозе правел сирење, кајмак и јогурт, но јогуртот кој го прави денес е најпознат јогурт на светот. Брендот го нарекол "Chobani", а денес вреди пет милијарди долари. 

Иако татко му го пратил на студии во Анкара, Хамди, како што подоцна му признал на новинарот на CNN, не можел да го трпи угнетувањето на Курдите, па собрал 3.000 долари и заминал во САД. Интензивно го учел јазикот и посакувал да направи некој свој бизнис, а можноста му се укажала во 2005-та година, кога видел оглас за продавање на стара фабрика за јогурт. Огласот, инаку, го пронашол во ѓубре. 


И тоа го сфатил како знак, и веднаш му се јавил на својот татко: "Американците немаат поим што е јогурт, за нив тоа е десерт полн со шеќер и овошје, дојде време да го пробаат вистинскиот јогурт, каков што го правиме ние". 

"Земи кредит, а останатото го знаеш", му рекол неговиот татко. А Хамди смислил: "Јас сум чобан, зошто да не ја наречам компанијата "Chobani", тоа на Американците ќе им звучи егзотично". 

##https://twitter.com/notorioustapir/status/1143890581145260032##

 

Бидејќи немал пари за маркетинг, почнал да пакува јогурт во мали садови, а се рекламирал преку социјалните мрежи, им праќал јогурт и ги молел да го пробаат без никакви обврски. На пакувањата го ставал својот телефонски број. Амерканците набрзо полуделе по јогуртот на Улукаја. 

"Јас сум Курд, поарснав меѓу овци во турските планини. Во нашето општество не беше важно кој колку овци има, туку каков човек е. Таква атмосфера владее и во моите фабирки, кога ќе влезете ја чувствувате човековата душа", вели тој. 


"Chobani" е прогласена за една од топ 10-те најиновативни компании на светот. Околу 30 проценти од вработените се бегалци и имигранти, кои имаат предност при вработувањето. Пред три години Хамди објавил дека 10 проценти од компанијата, која вреди 5 милијарди долари, им ја дава на работниците, кои во тој момент ги имало околу 2.000. 

##https://twitter.com/theheidelbean/status/1179123943329779712##

 

"Ова не е никаков подарок или пи-ар, јас само на луѓето им го давам тоа што е нивно, тоа што го заработиле", објаснил тој. Освен тоа, платите во "Chobani" се далеку над просекот во браншата, а посебно внимание им се посветува на родителите кои, во земјата во која се работи од утро до мрак, имаат, на пример, породилно отсуство како што е тоа во скандинавските држави. 

Јасно е дека станува збор за неверојатно успешно претпријатие кое работи на неверојатен начин. 


"Пропаднатата компанија која ја преземав не се откажала од јогуртот, туку од луѓето, ги кренале рацете од нив како да не вредат ништо. Бев страшно лут на нивниот директор, кој седеше таму некаде во некоја кула, држејќи во раката таблички кои му покажуваа дека мора да ја затвори фабриката. Но во тие таблички, меѓутоа, нема луѓе, тие не зборуваат ништо за луѓето, во нив нема ни збор за одговорноста кон општеството. Жално е што на тој начин, со помош на некакви таблички, денес се сведуваат многу бизниси". 

 

Хамди Улукаја отворено себеси се нарекува антидиректор, анти-ЦЕО, лидер кој ги руши сите правила на вообичаеното однесување во светот на крупниот бизнис. Неговата идеја е едноставна и револуционерна, а се состои од три точки. 

"Мојот анти-ЦЕО учебник се потпира на општеството. Од општеството, од нашата заедница, не треба да се зема, треба да им се дава. Одете меѓу луѓето, кажете им што планирате, прашајте ги за дозвола, прашајте ги што сакаат, бидете со нив, растете со нив и заедно со нив дојдете до успехот", објаснува Хамди и додава дека токму на тој начин ја изградил својата втора фабрика, во Ајдахо, која денес е една од најголемите фабрики за јогурт на светот. 


Што се однесува до денешните типични правила во бизнис светот, Хамди вели дека се глупави, а најглупавото е потценувањето на купувачите, односно клиентите, бидејќи ако не се тие, нема да има луѓе како тој. 

Многумина се шегуваат на негова сметка бидејќи е идеалист, а капитализмот ги смета идеалистите за будали. Но, деловните резултати на "Chobani" покажуваат дека капитализмот, само кога сака, може да има и друго лице. Може да се заработи и без кршење на грбот на работниците. 

Хамди Улукаја без никакво искуство во бизнисот направил деловна империја за само 10-тина година. Кога во 2013-та година бил прогласен за претприемник на годината, во неговата биографија уште пишувало дека поголем дел од животот го минал чувајќи овци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг