Бил бездомник и зависник на работ на смртта, а сега ужива во луксуз: Еден рецепт му донел милијарди на банкарската сметка

Точка

29/09/2019

16:40

19.464

Големина на фонт

а а а

Кога денес ќе го погледнете овој човек, не би ви паднало напамет дека тој пред неколку години бил бездомник и на работ на смртта. Денес е опкружен со незамислив луксуз и живее живот за каков немал ниту храброст да сонува, а еве како го постигнал сето тоа.

Калил Рафати денес има 46 години и ѝ пркоси на изреката дека “не можете да научите старо куче на нови трикови”. Кога ќе го погледнете неговиот Инстаграм профил, ќе видите фотографии од успешен човек кој води сметка за себе, заработува милиони и изгледа како да нема ниту една грижа на светот. 

Сепак, пред само 13 години, Калил не смеел ниту да замисли ваков живот. Тој бил зависник од опијати и живеел на улица. Бил на работ на смртта, имал само 48 килограми и живеел во страшна сиромаштија, но имал една највредна работа – пријател кој верувал во него.

Токму тој пријател го убедил Рафати да отпочне свој приватен бизнис со природни сокови. Така го инспирирал Калил кој почнал да прави сокови според свој рецепт. За почеток, ги подготвувал за пациентите во центарот за рехабилитација Ривиера, а во таа институција тој практично се вратил во живот.

Потоа, почнал да ги продава своите сокови и во Малибу. Било потребно малку време за луѓето да слушнат за него, а наскоро основал и сопствена компанија. Пет години подоцна, Калил веќе имал свој ланец на барови со природни сокови. Клинетите се заљубиле во неговите мешавини кои вклучувале (помеѓу останатото) и алкална вода, хималајска сол и листови од глуварче.

Покрај сокови, во баровите служел и коктели, кафе и засладен јогурт. Она што го прославило е смутито од овесни снегулки и банана. Набрзо, бројни познати личности започнале да навраќаат во неговите барови, а во редовните клиенти се вбројуваат Ентони Кидис од бендот “Red Hot Chili Peppers” и Арнолд Шварценегер.

Калил практично изградил мултимилионерска империја, а неговите вработени секогаш истакнуваат дека му се особено благодарни на односот кој тој го има со нив. Како што велат, никогаш не ги заборавил своите почетоци и затоа благосостојбата на вработените му е секогаш на прво место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг