Преживеал 12 мозочни удари и 6 срцеви удари - НБА асот првпат прозборел за ноќта кога бил пронајден издрогиран на работ од смртта

Точка

24/09/2019

19:15

4.418

Големина на фонт

а а а

Некогашната голема НБА ѕвезда Ламар Одом бил учесник на американската ријалити програма “Танц со ѕвездите“.

Одом имал проблем да ја изведе кореографијата, а оправдувањето го пронашол во кома во која се нашол поради прекумерна количина на дрога.

Пред четири години пронајден бил во состојба без свест на ранчот. Тогаш одвај преживел.

Сега, првпат ја раскажал својата верзија за таа ноќ.

„Отидов на местото на кое немав што да барам... Претерав и завршив во кома. Имав 12 мозочни удари и шест срцеви, но единствениот траен проблем кој остана е губење на помнењето“ - изјавил Одом.

„Се колнам, јас таа вечер не консумирав дрога. Не знам дали нешто ми ставиле во пијалакот, но јас не консумирав дрога по своја волја“ - додал некогашниот кошаркар на Клиперс, Мајами, Лејкерс и Далас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг