Димитров во ОН на форум за водечката улога на Европа во борбата против климатските промени

Макфакс

24/09/2019

11:54

608

Големина на фонт

а а а

На маргините на 74-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на панел-дискусијата во организација на Светскиот економски форум, со работен наслов: „Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата на климатските промени и растот на еколошки чистата економија.”

Како што информираат од ресорното министерство, на настанот на високо ниво биле разменети мислења за нужноста од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

„Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии“, се наведува во соопштението за дискусијата.

Сесијата ја отворил холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествувале претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на засегнатите страни.

На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествувал и на тематски настан насловен „Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет“.

Состојбата во Иран била во фокусот на оваа дискусија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг