Алушовски: Обично не сакам да издвојувам играчи, но Митревски беше одличен

Дерби

24/09/2019

11:27

1.057

Големина на фонт

а а а

Составот на Еурофарм Работник ја прокнижи втората победа во СЕХА лигата и тоа против тимот на Металопластика на кого му одржа лекција во Битола со 32:21.

Македонскиот вицешампион беше подобар во сите аспекти од гостинот, имаше контрола на играта и резултатот од почетокот до крајот, па поради тоа задоволен беше тренерот Стевче Алушовски кој го издвои како поедниец голманот Никола Митревски кој одлично си ја заврши работата.

- Одигравме одличен меч. Обично не сакам да издвојувам играчи, но Митревски беше одличен на почетокот на натпреварот. По фантастичното отварање, игравме се подобро и подобро. Имавме и некои грешки, ама генерално беше фантастичен меч. И посакувам среќа на Металопластика во следните мечеви, - истакна Алушовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг