ЕУ дозволи употреба на лекови од канабис за епилепсија

Макфакс

24/09/2019

10:57

723

Големина на фонт

а а а

ЕУ за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели и тоа само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија.

Се работи за епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана.

Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и синдром на Дравет – кои се тешки за лекување и можат да предизвикаат до неколку напади на ден.

Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во други европски земји, но сè уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“. Лекот е на компанијата ГВ „Фармасеутикалс“ и може да се користи во комбинација со други лекови за епилепсија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг