Долга робија за кокаин од милијарда долари: Американското обвинителство бара и до 40 години за црногорските поморци уапсени во Филаделфија

Точка

24/09/2019

10:28

1.675

Големина на фонт

а а а

Обвинителството во Филаделфија ќе бара максимални казни затвор за црногорските поморци кои учествувале во шверц на кокаин, пренесуваат американските медиуми.

Како што наведуваат медиумите, доколку обвинението биде поднесено против сите црногорски поморци кои моментално се наоѓаат во федерален притвор, вкупната затворска казна би можела да биде и до 40 години. 

Иако во овој момент е поднесено обвинение само против еден црногорски морнар, американските медиуми тврдат дека обвинение ќе биде поднесено и против останатите членови на екипажот чии трагови биле пронајдени на запленетите пакети кокаин.

Црногорскиот поморец Ненад Илиќ е прв член на екипажот против кој е поднесено обвинение поради сомнение дека е поврзан со шверц на 20 тони кокаин вреден 1,1 милијарда долари, запленет во Филаделфија.

Како пренесуваат американските медиуми, Илиќ е обвинет дека ги прекршил поморските закони за шверц на наркотици, за што е предвидена минимална казна од 10 години затвор.

Илиќ, кој работел како инженер кадет на бродот "Гајан", е еден од шестте членови на екипажот кои биле уапсени во јуни, кратко по заплената на кокаинот. Останатите се наоѓаат во федерален притвор, но властите одбиле да изнесуваат информации за тоа дали и за нив се подготвуваат обвиненија, пишува филаделфиски "Enquirer".

Тие се повикуваат на документ според кој членовите на екипажот на бродот "Гајан", Фонофаве Тијасага и Иван Џурашеиќ признале поврзаност со шверц на кокаин.

Како што пренеле тамошните медиуми, двајца осомничени му раскажале на судијата дека прифатиле минимум 50.000 евра за да го сокријат кокаинот на брод. Тоа го направиле, како што тврделе на сослушувањето, по упатство на еден член на екипажот, но неговото име не го откриле. Токму на нивните искази се основа обвинението, а обвинителството, како што е претходно најавено, на поротата ќе и достави материјални докази кои ќе ги потврдат наводите на обвинението.

Против Бошко Марковиќ, Александар Каваје и Лаули Пул уште не е завршена истрагата. Кокаинот е откриен пред три месеци, а бил сместен во седум контејнери со зеленчук и друга роба наменета за Европа, Африка и Азија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг