Во Израел започнуваат преговорите за коалициска влада

Макфакс

24/09/2019

10:23

611

Големина на фонт

а а а

Претставници на двете најголеми политички израелски партии денеска ќе се состанат на разговори за формирање на коалициска влада по минатонеделните избори, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Средбата следува по разговорите меѓу премиерот и лидерот на конзервативната партија „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху и неговиот ривал, претседателот на центристичката „Сино-бела“ партија, Бени Ганц. Ова се први официјални преговори по парламентарните избори кои не го отворија патот за формирање на влада.

Иницијатор на средбата е израелскиот претседател Рувен Ривлин, а целта е да се оневозможи застој во обидите да се избере нов премиер и политичка блокада која би можела да доведе то трети избори годинава.

Иако формално неговата функција има церемонијален карактер, претседателот Рувен Ривлин мора да избере кандидат за кој верува дека може да формира коалиција за поддршка на идната израелска влада.

Двајцата ривали рекоа дека ја поддржуваат идејата за заедничка влада, но не можат да се договорат кој ќе ја предводи истата, а тука е и ветувањето на Ганц дека нема да соработува со Нетанјаху бидејќи тој се соочува со бројни скандали поврзани со корупција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг