Трамп ќе се сретне со Мицотакис во Њујорк

Макфакс

24/09/2019

10:21

653

Големина на фонт

а а а

На маргините на самитот на ОН за климатските промени, американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, ќе ја имаат нивната прва средба. Како што пренесуваат грчките медиуми, тема на разговорите ќе бидат геополитичките случувања во Источниот Медитеран и привлекување американски инвестиции во Грција.

На почетокот на средбата, како што се наведува, ќе присуствуваат и сопругите на Трамп и Мицотакис.

„Освен традиционалните врски меѓу двете земји, постојат теми од посебен интерес, а Грција одново влегува во радарот на американските инвеститори, спомена извор од владата, а големи компании веќе покажаа интерес“, објавија грчките медиуми.

Мицотакис, ќе присуствува и на приемот организиран од претседателот на САД за странските лидери кои учествуваат на самитот на ОН.

Според информациите, отворена е можноста, грчкиот премиер, денес да се сретне и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, доколку обврските им го дозволуваат тоа и постои слободен термин. Во спротивно, првата нивна средба, ќе се одржи утре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг