Путин ги избркал сите од собата и влегол со дијамантски ѓердан: Познатата Никита отворено за додворувањето на Владимир Путин

Супермен

24/09/2019

09:53

10.660

Големина на фонт

а а а

Атрактивната актерка Пита Вилсон своевремено важела за голема заводничка. Денес таа изгледа прилично поинаку, но тоа не нè чуди со оглед дека од почетокот на емитувањето на познатата серија “Никита” поминаа повеќе од 22 години.

Со текот на годините, таа прилично се променила, но нејзиниот продорен поглед сè уште е присутен. 

Убавата Австралијанка која во ноември ќе наполни 49 години, го има 17-годишниот син Марлоу од врската со долгогодишниот партнер Демијан Харис. Таа ја поврзуваа и со актерот Расел Кроу и фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, а пред неколку години Пита одлучи да стави крај на актерската кариера.


Денес се занимава со дизајн, а пред неколку години покрена свој бренд на долна облека.

Вилсон во една прилика раскажала случка од 2002 година, кога била на меѓународниот филмски фестивал во Москва, каде се обидел да ја освои – ни помалку ни повеќе – Владимир Путин. Тие се нашле сами во соба, откако Путин им наредил на сите да излезат од просторијата, а тој, како што истакнала таа, се обидел да ја заведе со дијамантски ѓердан.

“Ми се додворуваше, ме хранеше и ми зборуваше за вотка. Тоа беше вистинска ноќна мора”, ја опишала Пита својата средба со рускиот претседател, додека нејзините зборови покренаа лавина од коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk