Костакурта импресиониран од нашиот репрезентативец: Мајко моја, го гледате ли Елмас!

Дерби

24/09/2019

09:08

1.708

Големина на фонт

а а а

Легендата на италијанскиот фудбал и на Милан, Алесандро Костакурта е импресиониран од досегашните настапи на Наполи во оваа натпреварувачка сезона, а меѓу играчите кои ги спомена беше и нашиот Елиф Елмас кој минатово лето од Фенербахче се пресели на „Сан Паоло“.

-Наполи? Филозофијата на Анчелоти носи промени. Го става противникот под притисок, тоа се виде тоа и во ЛШ, Наполи беше спектакуларен против Ливерпул, бев импресиониран. Таа вечер сите италијанските играчи сакаа да си помогнат еден на друг, а тоа е заслуга на тренерот. Карло е спој на менаџер и тактичар, благодарение на него ова се случува. Наполи ги погодува младите играчи. Мајко моја… Фабијан (Руиз) е меѓу најдобрите во Европа, сега Елмас е меѓу најинтересните млади играчи, -истакна Костакурта за италијанските медиуми.

Елмас настапи на сите мечеви за Наполи во оваа кампања, четири во Серија А (на два беше стартер) и еден во ЛШ ( против Ливерпул).



Спонзорирани линкови

Маркетинг