Ако светските лидери имаа групен “chat“ на социјалните мрежи, еве како би изгледал

Точка

23/09/2019

21:52

4.393

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател, некогашен комичар, Володимир Зеленски, на самитот во Јалта, имал интересна презентација на која покажал како би изгледал групниот “chat“ на социјалната мрежа WhatsApp, ако во него се светските лидери.

Тој презентацијата ја направил на почетокот на овој месец и ја покажал на самитот во Јалта, но сега таа стана и јавна.

##https://twitter.com/hey_ashiwel/status/1175398628120301568##

Како што изгледа, конверзацијата се врти околу проблемите кои се однесуваат на руската анексија на Крим и на севернокорејските нуклеарни амбиции.

Снимката ја споделил индискиот полицаец Рема Рајешвари, чиви пријатели биле на конференцијата и покрај тоа ја снимиле презентацијата.

На почетокот на конверзацијата се гледа дека групата ја направил Зеленски, а потоа пристигнале одговори на различни јазици.

Во име на Велика Британија одговорил принцот Хари, кој навел дека неговата баба (кралицата Елизабета Втора) “сака тој да напише дека е среќна што сите ве гледа“.

##https://twitter.com/hey_ashiwel/status/1175398763361447936##

САД, Русија и Кина се запрашале кој е администратор на групата, пред да бидат избришани Пекинг и Москва.

Вашинготн потоа вели дека сака да инвестира во Украина, на што реагирал поранешниот украински претседател, Петро Порошенко и ја напуштил групата.

Северна Кореја секако се огласила со емотикони кои покажуваат ракети. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг