Меган и Хари пристигаа во Јужна Африка: Ќе го продолжат тоа што го започна принцезата Дајана!

Точка

23/09/2019

21:20

4.732

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс, ја започнале својата прва заедничка посета во Јужна Африка.

Тие првиот ден го посетиле проектот за зајакнување на девојчињата во кој тие ги учат своите права и самоодбрана, пренесува АР.


Како што се наведува, низ градот се распоредени големи воени сили, поради високата стапка на криминал во одредени делови на Кејптаун.

Парот кој пристигнал во посета на Африка со синот Арчи, се сретнал со некогашните жители на заедницата Дистрикт 6, во која живееле припадници од различни раси.


За време на нивната посета во главен фокус ќе биде заштитата на менталното здравје, демонтирање на минските полиња... - теми со кои се занимаваше и мајката на Хари, принцезата Дајана.

Принцот Хари кон крајот на оваа недела ќе продолжи во посета на Боцвана, Ангола и Малави.

Како што се наведува, во Јужна Африка сè уште се одржуваат протести од илјадници жени кои одлучно се борат за своите права во земјата во која се забележани повеќе од 100 силувања секој ден. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг