Шокантна исповед на Деми Мур: „Ме силуваше, па ѝ даде пари на мајка ми“

Точка

23/09/2019

20:49

7.804

Големина на фонт

а а а

Американската актерка, Деми Мур и понатаму крева прашина со својата автобиографија „Inside Out“, во која ја отворила душата и проговорила за многу шокантни искуства.

Го опишала своето патување од, како што вели, американското “ништо“ до холивудското “сè за што некогаш сте сонувале“.

Читателите ги шокирала пишувајќи за шокантните инциденти со мајка си.

Кога Деми сè уште била дете, мајка ѝ се предозирала, а таа тогаш со раце ѝ ги вадела таблетите од грлото. На 15 години била силувана, а мажот кој го направил тоа, на мајка ѝ ѝ платил после тоа.

„Какво е чувството да бидеш така продадена“, ме праша потоа. Тоа беше силување и одвратно предавство на мајка ми“, пишува Мур во книгата.


Набрзо потоа го напуштила семејството и започнала живот со музичарот Фреди Мур, а во 1980-та година за него и се венчала. Бракот им траел пет години, а во 1987-ма година се венчала за Брис Вилис, со кој имала три ќерки - Румер, Талулах и Скот.

Мур во автобиографијата не го штедела ниту поранешниот сопруг, Ештон Качер.

„Неколкупати ме изневери во бракот, и ме убеди дека е во ред да имаме секс со трета личност, поради што и денес жалам. Сакав да му покажам дека можам да бидам забавна и кул, но тоа беше грешка“, се отворила 15 години подоцна Деми.

За време на 8-годишниот брак со актерот. Деми имала и спонтан абортус во шестиот месец, а за овој страшен чин вели дека многу емотивно ја погодил и долго време не можела да се опорави од него. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг