Питер Динклиџ без влакна на јазикот - поради ова бил исечен дел од неговиот говор од доделувањето на наградите „Еми“

Точка

23/09/2019

20:41

5.607

Големина на фонт

а а а

Питер Динклиџ синоќа освои награда „Еми“ за неверојатна машка улога во драмската серија за улогата на Тирион Ланистер во „Игра на тронови“.

Говорот со кој им се заблагодарил на сите не бил во целост емитуван поради некои непримерни делови кои продуцентите одлучиле да ги исечат.

„Немам поим што ќе кажам, но одиме. Се сметам за таков среќник што сум член на заедницата која не е ништо друго туку одраз на толеранција и разноликост. Иначе не би ни стоел на оваа сцена. Поминаа десетина години, сè е кажано и направено, од моментот кога го запознав Дејв, но и Ден па сè до сега. Немав поим во што се впуштив, но знаев дека тие се навистина прекрасни. Се потевме и се смеевме. Дејв и Ден, за вас “условно“ поминавме преку мраз и преку оган. И сето тоа би го повторил од срце“ - беше говорот кој гледачите можеа да го слушнат на телевизија, но еден дел од него исчезнал.


Динклиџ, Дејвид и Ден ги нарекол “најталентирани е*ени луѓе“ додавајќи дека не му е гајле затоа што и онака сè е готово. Тој дел продуцентите го исфрлиле во текот на преносот, сметајќи дека тоа не е непримерно за телевизија.

Иначе ова беше историска победа за Питер: тоа беше првпат актерот да освои четири „Еми“ за иста споредна улога во драмска серија. Исто така „Игра на тронови“ по четврти пат прогласена е за најдобро телевизиско остварување, што е уште еден успех за самиот Динклиџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг