Скандал на повидок! Хрватите се надеваат: Француските фудбалери се допинговале пред финалето на Мундијалот?

Точка

23/09/2019

20:25

4.616

Големина на фонт

а а а

ПСЖ и репрезентативците на Франција се наоѓаат под истрага од Светската антидопинг агенција (WADA) затоа што нивните фудбалери пред натпреварот џвакале сомнителни мастики.

Тоа испливало на површина минатата недела по победата на ПСЖ над Реал Мадрид во Лигата на шампионите со резултат од 3:0, а истрагата покажала дека истите мастики ги консумирале и “триколорите“ пред финалето на Мундијалот во 2018-та година во Русија каде што до титулата стигнаа со победа над Хрватска со 4:2.

Се дознало и дека Французите користеле мастики во текот на EVRO во 2016-та година, а дека во репрезентацијата ги донел Блаз Матуиди.


За какви мастики станува збор?

Тоа се мастики кои ги патентирала американската војска, но веќе подолго време можат да се најдат и во слободна продажба.

Тие мастики се без шеќер, збогатени со витамин Б, а содржат 50 милиграми кофеин. Нивната предност во однос на енергетските напитоци или кафето е во тоа што кофеинот почнува да делува по само пет минути.

Засега таквите мастики се легални, односно се наоѓаат во “сивата зона“, но се под истрага на WADA.




Спонзорирани линкови

Маркетинг