Смртоносна дрога се шири низ Грција - “кокаинот за сиромашни“ масовно ги убива луѓето, а чини едно до две евра

Точка

23/09/2019

19:55

6.533

Големина на фонт

а а а

Батериската киселина и метамфетамин се состојките на дрогата која ја нарекуваат “кокаин за сиромашни“. Смртоносна мешавина се шири низ Грција затоа што е евтина.

Кој во Грциј не може да си дозволи себе кокаин или хероин сè почесто купува евтина дрога. Наркоманите пушат дрога во стаклено луле или пак ја консумираат преку вена. Една доза чини едно евро до две. Произведувањето е едноставно, а состојките се достапни.

Сиса е вид кристал мета, но изработен е од нечисти состојки. Моторното масло, батериска или сумпорна киселина се елементите на оваа мешавина. Евтини е и лесно е да ги набавите. Така настанува оваа смртоносна смеса.


„Непосакуваните последици произведени се од дополнителни состојки“ - вели Норберт Водарац кој ја проучува независноста од наркотици.

Тој вели дека ова “ѓубре“ кое се меша со новата дрога е одговорно за тешките дејства.

Многу од луѓето кои ја земаат новата дрога чекорат директно кон смртта.

„Постојат проценки дека консумирањето на сисата може да се преживее најмногу една година“ - вели Водарц.

„Телото повеќе не е во состојба да произведува слуз. Бидејќи оние кои ја користат оваа дрога имаат намалено интересирање за хигиена на забите и поради тоа забите можат многу лесно да се расипат и да испаѓаат“ - вели тој.


Спектарот на можни болести во кои влегуваат и срцевите е голем. Тие можат да предизвикаат инфаркт или мозочен удар. Агресивност и халуцинација исто така не се реткост.

„Следна типична последица е нагло губење на телесната тежина. Доколку подолго време луѓето ја консумираат оваа дрога тие потоа изгледаат многу слабо“ - истакнува Водарц.

Оваа смртоносна дрога зависниците најмногу ја користат во главниот град на Грција- Атина. Тие најчесто се без пари, без работа, без перспектива - тоа се некои од причините зошто луѓето почнуваат да ја земаат дрогата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг