Македонија повторно горда! - патент иновација на прилепски гимназијалец

Точка

23/09/2019

17:29

6.146

Големина на фонт

а а а

Повеќе коморен 100 проценти безбеден и ефикасен Јандреев медицински шприц, вчеравечер беше промовиран пред здравствени работници, граѓани и ветеринари од земјава.

Сашо Јандрески е ученик од втора година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а веќе неколку години волонтира во Итната медицинска служба и во болницата „Борка Талески“ во Прилеп.

Како волонтер во итната медицинска помош и црвениот крст овој млад генијалец дошол до идеја наместо стандардниот (со мека еко и брзо разгадлива пластика) - да направи шприц кој целосно ги заштитува пациентите и медицинскиот персонал од хепатитите Б и Ц и ХИВ вирусот.


Овој медицински шприц прв од ваков вид во светот - брзо, лесно и прецизно без проблеми би се користел и во возилата на итната медицинска помош кога со голема брзина пренесуваат пациент кој се бори за живот но и во ургентните центри.

„На идејата и на моделот на овој нов, единствен ваков шприц со тимот работевме 11 месеци, од ноември лани. Го претставуваме прототипот. Може во иднина да се додаваат механизми, да има втора верзија. Но, главно е дека сите идеи и критериуми со кои почнавме се задржани во моделот. Медицинските лица го прифатија позитивно, имаме мислење и од Министерот за здравство Венко Филипче, рече Јандрески.

Голема поддршка Јандрески има и од градот Прилеп. Градоначалникот Илија Јованоски, поздравувајќи го неговиот изум и ентузијазам рече дека Сашо имал можност да работи во лабораториите за да го заврши своето дело.

„Овој проект е пример дека креативните начини на пренесувањето на знаењето и менторството поттикнувата на креативност. Фасцинира посветеноста во работата и во остварувањето на креативните идеи и замисли“, рече Јованоски.


Производот е патентиран во Државниот завод за индустриска сопственост, а куриозитет е тоа што овој шприц е првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија после цели 25 години.

„Самиот шприц ќе биде компактабилен само за една употреба, постои еден вид на блокатор и шприцот нема да може повеќе да се користи“, додаде Јандрески.

„Сето тоа беше една макотрпна работа, но негова, исклучиво негова. Ние бевме само тука да му бидеме морална поддршка за да не прекинува со неговото истражување“, изјави Наташа Милеска Михајлоска, наставник по биологија.

По вчерашната презентација Јандрески планира уште една презентација на шприцот на Медицинскиот факултет во Скопје, како и започнување на преговори со компаниии од Македонија и странство коии би го откупиле неговиот патент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг