Ова се победниците на “Еми” наградите – “Game of Thrones” по четврти пат е најдобра

Точка

23/09/2019

17:14

2.231

Големина на фонт

а а а

Осмата сезона на серијатa “Game of Thrones” победи на 71-вото доделување на “Еми” наградите коe вчера беше одржано во театарот Мајкрософт во Лос Анџелес.

Серијата на “HBO” која се темели на делата на Џорџ Р.Р. Мартин, по четврти пат е прогласена за најдобра драмска серија. Иако серијата предводеше со рекордни 32 номинации, таа има вкупно (од 2015 година) освоено 12 “Еми” награди. 

Оваа година, “Game of Thrones” победи во категоријата “најдобра драмска серија” и “најдобар спореден актер” (Питер Динклиџ).


Многумина останале изненадени од серијатa “Fleabag” која освои награди во категориите “најдобра комедија” и “најдобра главна актерка во жанрот комедија” (Фиби Волер).

Големо внимание привлече и победата на актерот Били Портер кој стана првиот темнокож хомосексуалец кој освоил “Еми” награда за најдобар актер во драмската серија “Pose”.


Наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Џоди Комер за серијата “Killing Eve”, а наградата за најдобра режија на драмска серија ја доби Џејсон Бејтмен за серијата “Ozark”. Новата серија на Нетфликс победи и во категоријата “најдобра споредна актерка” (Џулија Гарнер).

Продуцентот Џеси Армстонг доби награда за најдобро сценарио за драмската серија “Succession”, а конкуренција му беше режисерот Дон Рој Кинг, кој на крајот беше прогласен за најдобар режисер на серијата “Saturday Night Live” во категоријата “Variety/Talk Series”.

За најдобра серија во оваа категорија е прогласена “Last Week Tonight With John Oliver” која воедно доби и награда за најдобро сценарио во истиот жанр.

Како што и се претпоставуваше, за најдобра мини серија е прогласена “Chernobyl” која освои награда и за најдобро напишано сценарио за мини серија. Што се однесува до најдобрите актери, наградата за најдобра актерка во истата категорија ја доби Мишел Вилијамс, а за најдобар актер е прогласен Џарел Џером.


Исто така, победата во категоријата за најдобар спореден актер во мини серија ја однесе Бен Вишоу, а титулата за најдобар режисер во таа категорија му припадна на Џона Ренк.

По примерот на Оскарите, ни на доделувањето на овогодишните телевизиски награди “Еми” немаше водители. Последен пат тоа се случи во 2003 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг