Погледнете како изгледа животот на милионерите хакери кои имаат помалку од 25 години

Супермен

23/09/2019

19:05

5.265

Големина на фонт

а а а

Најдоброто од сè е тоа што парите не ги заработиле преку кршење на законот. По спомнување на зборот хакер нашата фантазија во истиот момент “здивува“.

Благодарение на филмовите и сериите, хакерите ги замислуваме како мистериозни луѓе кои се кријат под црните качулки додека се обидуваат да упаднат во некој воен сервер.

Но, не е секој хакер клриминалец, а голем број од компаниите всушност ги ангажираат за да упадната во нивните системи за да проверат колку навистина се безбедни.

А за сето тоа хакерите земаат голема сума пари.

Големите компании за ваквите упади и откривање на нивната “ранливост“ плаќаат сериозни пари - „Apple“ неодамна понудиле милион долари за секој кој ќе успее да го “кракне“ iPhone со помош на специфична акција.

Погледнете како овие двајца млади хакери кои станале милионери навистина живеат

Сентиаго Лопез живее со своите родители и станал првиот милионер хакер во светот благодарение на ваквите “награди“.

Сантиаго има 19 години и живее со своите родители во Бразил.

Во февруари станал првиот милионер кој парите ги заработил барајќи сериозни багови, судејќи по хакерската платформа HackerOne.

Лопез со хакирање почнал да се занимава на 15 години, а своите први пари ги заработил само една година подоцна.

Набрзо потоа сфатил дека од тоа може да се живее.

„Сфатив колку пари можам да заработам од тоа, од етичкото хакирање. Платформата HackOne ме “покажа“ на организациите кои плаќаат сериозни пари за пронаоѓање “ранливост“. Тоа беше можност која не можев да ја одбијам“ - раскажува Сантјаго.

Најголемиот дел од своите пари Лопез ги заработува работејќи за приватни компании.

„Секој ден поминувам шест до седум часа во хакирање, така што оваа работа е речиси со полно работно време. Но, кога ќе пронајдете некој баг, тоа е најубавото чувство на светот“ - раксажува тој.

Сантиаго на овој начин заработил доволно пари за себе да си купи автомобил и куќа на плажа.

Натаниел Вакелем почнал со хакирање како студент

Вакелем е роден во Австралија и моментално е шеф на информатичкото обезбедување.

Како и Лопез, Натаниел почнал да се интересира за хакирање како тинејџер. На почетокот најмногу од времето поминувал во хакирање на игри.

„Успеав да пронајдам “ранливост“ во игрите кои ми дозволуваа да станам невидлив, да заработам дупло повеќе злато и да тргнам по забранетите делови од мапата“ - зборува Вакелам.

Иако не сакал да ја именува играта, сепак додал дека станува збор за популарната MMO.

„Подоцна дознав дека сето тоа е многу слично на работите со кои сега се занимавам“.

Набрзо потоа тој успеал да заработи 60.000 долари пронаоѓајќи багови.

Моментално тој работи за Riot Games, студиото позади популарните игри League of Legends и Verizon.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk