Моншау е едно од оние места во кои имате чувство дека сте патувале низ времето затоа што не наликува на нешто што се гледа во денешно време.
Моншау е скриен во областа Алфеј и е одлична локација за истражување на околните градови во Германија, но и Белгија, затоа што гратчето се наоѓа на само два километри од границата.
Како населено место првпат се спомнува во 1198-та година под имеро Монжуа, а се развило околу средновековниот дворец со кој управувале кнезовите на градот Јилих. Низ вековите, Моншау многупати бил ограбуван и запален, но секогаш знаел да го сочува својот шарм.
Моншау, во своето место има многу малку содржина за туристите, годишно го посетуваат околу два милиони луѓе, што самото тоа сведочи за убавината и необичноста на гратчето. Сместен е меѓу брдата, има тесни улички со куќи со необични фасади.
Овие куќички веројатно се најпримамливи за посетителите кои повеќе од времето го поминуваат меѓу нив обидувајќи се да направат некоја соодветна фотографија.
Сочуван е и средновековниот дворец, но на него се гледаат траги од вековите па одбрамбените кули сега се одвоени од централниот дел и можат да се видат насекде наоколу.
“Црвената куќа“, некогашна судница, изградена е во стилот барок и многу ги привлекува посетителите кои можат да ги видат нејзините четири катови.
Сите соби се раскошно уредени, а најголемо значење се дава на просторијата во која има најмногу уметнички слики. Тие слики иако самите по себе се убави, “не се гледаат“ од своите рамки кои всушност се само нацртани на ѕидот околу нив.
Во Моншау може да се ужива во набљудување на стаклените предмети или пак да се посети изложбениот простор во кој се наоѓаат склуптури од песок.
Реката Рур дава можност да се согледаат околните предели од друга перспектива. Може да се обиколи и националниот парк Ајфел. Иако повеќе пати бил рушен во текот на историјата, Моншау во текот на Втората светска војна речиси бил недопрен, а причината за тоа можеби се крие во комплексот NS Ordenburga кој е отворен о 1934-та година.