Заборавете на утринското туширање: Еве во кој период од денот треба да се туширате ако сакате да имате здрава кожа

Точка

23/09/2019

14:12

2.363

Големина на фонт

а а а

Според истражувањето спроведено од страна на “YouGov” за компанијата “Foreo”, 61 отсто од луѓето во Велика Британија се тушираат наутро.

Тоа има и смисла, доколку сакате да бидете свежи за новиот работен ден. Меѓутоа, според истражувањата на дерматологот д-р Симон Зокаи, за кожата е многу поздраво туширањето пред заминување во кревет, пишува порталот “Metro”. 

 Ако чекате до утрото, сета нечистотија, бактерии и токсини кои се таложеле во текот на денот на вашето тело имаат време да се размножат и со тоа е поголема можноста од затнување на порите, како и појава на кожни дамки и долготрајни оштетувања на кожата.


“Кога станува збор за туширањето, вечерта е навистина најдобрата опција бидејќи помага да се отстрани сета нечистотија и масла кои се наталожиле на кожата”, вели директорот на компанијата “Foreo”.

Иако утринското туширање може да ви помогне да се разбудите, благодетите за вашата кожа се многу помали. Брзото вечерно туширање значајно ќе придонесе за здравјето на кожата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг