Актерот почнал да одбива улоги: “Важно е дека останав жив”

Супермен

23/09/2019

12:31

3.370

Големина на фонт

а а а

Шон Бин стекна репутација на актер кој игра ликови кои мора да умрат во некој дел од филмот или серијата. Досега, Бин “умрел” дури 23 пати, па поради тоа одлучил да престане да прифаќа улоги во кои неговиот лик го губи животот.

60-годишниот актер во интервју за британскиот таблоид “Sun” изјавил дека започнал да одбива улоги бидејќи толку пати починал на екранот што луѓето започнале да претпоставуваат дека ликот кој го толкува веројатно ќе умре по одреден период. 

Поточно, почнале да го сметаат за “оној кој сигурно ќе умре во некој дел од филмот или серијата”.

“Стана премногу предвидливо. Морав да прекинам со таквите улоги и да почнам да преживувам”, изјавил Шон и додал дека работел на еден проект на кој изненадно му соопштиле дека веројатно ќе го убијат неговиот лик.


“Помислив “Не повторно” и ги прашав дали оваа одлука може некако да се промени. Ми рекоа дека нема да ме убијат, туку тешко ќе ме ранат. Прифатив, важно е дека останав жив”, раскажал тој низ смеа.

Бин рекол и дека секогаш играл улоги на негативци, па со самото тоа било и логично дека неговиот лик ќе умре. Интересно е тоа што не само актерот е уморен од умирање на големото платно – неговите обожаватели во 2014 година покренаа хаштаг на Твитер наречен “#dontkillBean” (Не го убивајте Бин).


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk